Copyright © 2010 by "DEKO"  ·  E-Mail: makedonskirubin@gmail.com
СВОЈСТВА  НА  КРИСТАЛИТЕ
СЕКОЕ КАМЧЕ ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ ПОВЕЌЕ ОД ДРУГИТЕ Е ТОКМУ ТОА КОЕ ВИ Е НАЈПОТРЕБНО ВО ОВАА ФАЗА ОД ВАШИОТ РАЗВОЈ.
СО ТОА ЗАПОЧНУВА КРИСТАЛОТЕРАПИЈАТА
А В Е Н Т У Р И Н

Обоеност: Зелена, сина, окер
Основни карактеристики: Решителност, индивидуалност, инвентивност

Помага во опуштањето и обновувањето на сопствените витални сили. Познат е и како “камен на ентузијазмот и инвентивноста”, иако во исто време ги зајакнува квалитетите да го почитуваме и разбереме поинаквото мислење од сопственото. На физички план, ја помага регенерацијата на срцевиот мускул, дејствува против воспаленија, артериосклероза и алергии.

Терапевтски ефект: Ги отстранува блокадите во нервниот систем и ја јакне самодовербата.  Го урамнотежува крвниот притисок и го поттикнува метаболизмот. Поседува противвоспалително дејство и ја ублажува иритацијата на кожата. Добар е за третман на секаков вид кожни заболувања.
 
У
ОСНОВНИ  СВОЈСТВА НА  МИНЕРАЛИТЕ
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Горе
Ж А Д

Боја: Најчесто зелена
Основни карактеристики: Заштита, Моќ, Мудрост

Со милениуми е консидериран како благороден камен на среќата. Затоа, како во културите на далечниот исток, така и во традициите на двата американски континента, од него биле изработувани многу видови на амајлии и заштитни предмети.

тој има изразено Кардиопротективно дејство, но претставува и одличен стимулатор на сите органи за излачување на токсините т.е.  Урино - гениталниот систем и бубрезите.

Терапевтски својства: Одличен кога треба да се третира уринарниот систем, посебно бубрезите.
Т У Р М А Л И Н

Боја: Најчесто црна, зелена, сина и розева
Основни карактеристики: Заштита, Прочистување, Елиминирање

Еден е од минералите со најсложен хемиски состав поради што се одликува и со широк спектар на терапевтско влијание.

Зелениот вариетет ја поттикнува радоста на живеењето,  нe прави отворени и трепливи и способни да го најдеме најдоброто решение на секој проблем. На физичко ниво, влијае добро на срцето и помага во процесите на елиминација на токсините.

Розевиот ја подобрува циркулацијата на енергијата низ организмот, функционирањето на нервниот систем, крвотокот и прочистувањето на крвта, додека Црниот Турмалин ја намалува тензијата и заштитува од негативни мисли. Влијае врз намалување на болките, а успешно ги неутрализира штетните зрачења од мониторите и останатите предизвикувачи на електросмог.
Т И Р К И З

Боја: Небесно сина
Основни карактеристики: Отвореност, Бесконечност, Возвишеност

Регенератор и тоник кој дава општо чувство на добросостојба и заштитеност. Ги поттикнува возвишените мисли, ослободува од “ропството” на чувствата, го развива вкусот за натсуштествената убавина, будејќи ја силата на духот во нас. 
Често е  употребуван како заштитна амајлија  и камче за среќа.

Терапевтски својства: Се употребува при потешкотии во говорот и комуникацијата. Со други минерали добро делува врз штитната жлезда и тимусот.
Т И Г Р О В О    О К О

Боја: Златесто жолта до кафеава
Основни карактеристики: Самодоверба, Благосостојба, Иницијатива

Неговата енергија лесно се манифестира во пределот на плексусот зајакнувајќи ја функцијата на црниот дроб и панкреасот. На посуптилен план ја зајакнува личноста втемелувајќи ја храброста, оптимизмот и  хуманата топлина. Истовремено, претставува и камен кој привлекува пари и богатство, а заштитува од лоши влијанија и завист.

Терапевтски својства: Се употребува при проблеми со црниот дроб, жолчката и панкреасот.
С О Д А Л И Т

Боја: Темно-сина, често пати прошаран со бели линии
Основни карактеристики: Искреност, пријателство, дружење

Одговара првенствено на петтиот енергетски центар, или чакра. На физички план влијае врз подобрувањето на функционирањето на дишниот систем.
На психички план ни помага да се оградиме од сопствените прекумерни емоции чинејќи не поблиски пријатели на самите себеси.
Ја поттикнува лојалноста и пријателството.

Терапевтски својства: Во комбинација со други минерали е добар стимулатор на дишните органи.
С А Ф И Р

Обоеност: Сина, Црна, Жолта, Зелена
Основни карактеристики: благосостојба, уживање, судбина

Моќен кристал кој го поттикнува нашиот пат во правец кон сопствената судбина.

Помага во моменти на депресија и секакви психички проблеми.

Инспирира љубов и верба во вистината. Нe чини трезвени и умно средени зајакнувајќи ја определеноста и волјата.

Терапевтски Својства: На физичко ниво ги поттикнува процесите  на оздравување и ги ублажува болките и фебрилните состојби.
*М А К Е Д О Н С К И О Т    Р У Б И Н  

Се карактеризира со специфична малина - розева боја.
Според досегашните истражувања своето дејство најмногу го пројавува врз срцевата чакра и срцето, растопувајќи ги гневот и крутоста кај лицата кои го носат. Покрај овие својства Македонскиот Рубин мошне нежно ја стимулира работата на срцевиот мускул и поттикнува на простување и сочувство со другите. Овој наш ендемичен минерал веќе е прифатен како синоним за вистинска и безрезервна љубов!
Р У Б И Н

Обоеност: црвена
Основни карактеристики: Страст, храброст, свесност

Ова е еден од најмоќните минерали кога станува збор за проектирање и складирање на енергија. Делува врз сексуалните енергии и ја буди жедта за животот. Одличен е за личности кои имаат потреба од повеќе акција во сопствениот живот.
Рубинот кореспондира со коренската чакра и ја поттикнува кундалини енергијата. Ја качува сексуалната енергија од половиот регион и ја усмерува кон срцето, трансформирајќи ја во вистинско љубовно уживање.

Терапевтски својства: Темелно ја прочистува крвта и го регулира циркулаторниот систем. Ја стимулира плодноста и го балансира менструалниот циклус. Исто така се користи и како стимулатор на надбубрежните жлезди, бубрезите и слезината.
Р О З Е В    К В А Р Ц

Обоеност: розева
Основни карактеристики: безрезервна љубов, мир, романтичност, доверба

Овој кристал се поврзува со срцевата чакра, Анахата и неговото дејство е насочено кон срцето и срцевата работа. Исто така тој е одличен кога кај лицето треба да се поттикне безусловната љубов и толеранцијата. Може да се забележи дека станува збор за минерал кој ни помага да се поврземе со моќта на Божествената љубов.

Учејќи да се сакаме самите себе и залечувајќи ги раните од минатото, стануваме способнни да ги сакаме другите и да ја примаме понудената љубов.

Розевиот кварц ги заменува негативните енергии со љубов и ги прочистува емоциите и болката.

Терапевтски својства: Го зајакнува срцето, градите и белите дробови. Им дава хармонија и баланс на бубрезите и надбубрежните жлезди.
Р О Д О Н И Т

Обоеност: Темно розева со можни црни нијанси
Основни карактеристики: Трпеливост, простување, истражување

Ни помага да ги најдеме одговорите на оние прашања кои долго време сме ги барале. Носејќи го овој минерал почнуваме полека да ја отстрануваме несигурноста и сомнежот во себе. Тој е силен стабилизатор и активатор на срцевата чакра.
Родонитот помага да ги решиме конфликтите и повторно да го воспоставиме внатрешниот мир и баланс.
Со него многу побрзо ќе се ослободиме од евентуалните емоционални трауми, злоупотреби и болки.

Терапевтски својства: Добар е како средство против автоимуни заболувања, болести на срцето, крвните садови и зглобовитe.
Р О Д О Х Р О З И Т

Обоеност: розево-црвена со сланинеста структура
Основни карактеристики: Смирувачки, промислено, отворено

Овој минерал ни помага да го извадиме на површина сето она што долго време било потиснато во нас и да го прочистиме.

Родохрозитот ќе ни помогне да го привлечеме вистинскиот партнер за нас, но предупредува дека понекогаш таквите врски и не се толку лесни, туку се исполнети со моменти кои ќе дадат зрелост и на двајцата партнери.

Терапевтски својства: Мошне е ефикасен кога се третира астма и останати белодробни заболувања. Ја подобрува циркулацијата и го смирува срцето.
П Е Р И Д О Т

Боја: Зелена
Основни карактеристики: Заштитувачки, Прочистувачки, Ослободувачки

Перидотот го има зракот на можеби најсјајната и најживата зелена боја. Со својата зелено - жолта вибрација исцелувачкиот ефект го насочува кон телото - на физички план. Влијае и врз урамнотежување на работата на еднокриниот систем, особено на надбубрежните жлезди.  Перидотот е како тоник за разживување на целиот организам.
Ги прочистува физичкото и суптилните тела, а посебно ги поттикнува срцевата чакра и соларниот плексус.

Терапевтски својства: Во комбинација со други кристали се користи при проблеми со метаболизмот, жолчката и надбубрежните жлезди.
О Н И К С

Обоеност: Црна, безбојна, зелена
Основни карактеристики: Заземјување, вистина, откритие

Црниот Оникс ја зајакнува структурата на коските и забите, ја подобрува абсорпцијата на витамините “Б” и “Д”.
Ве чини попрактични, поконкретни и поодговорни, а Ви помага и да се потврдите себе си. Камче што ја абсорбира негативната енергија.
Во кристалотерапијата се користи како активатор на првата енергетска чакра, т.е. врската помеѓу  човекот и земјата.

Терапевтски својства: Се користи при третман на забите, коските, коскената с'рж и некои нарушувања во крвната слика.
О Б С И Д И Ј А Н

Обоеност: Црна, црна со бели точки, безбојна, зелена
Основни карактеристики: Заземјување, откритие

Најдобро е да се користи под водство на искусен терапевт. Неговите вибрации се способни да допрат до најскриените тајни, чувства и емоции во нашата потсвест. Ги достигнува и оние кои се стари по неколку години, а се случува да ги допре и оние клучни емоции од минатите животи.

Мошне силно е поврзан со базичната чакра и ни овозможува добро да се поврземе со земјата.

Терапевтски својства: Помага да се откријат и отстранат вистинските причини за појавата на болестите. Добар е за ослободување од блокади, како и за потешкотии поврзани за коскениот систем и зглобовите.
М Е С Е Ч Е В   К А М Е Н


Обоеност: Бела, сива, кремаста
Основни карактеристики: Емоционално исцелување, Древна моќ, Женски аспект

Месечевиот камен во себе ги содржи древните енергии од женскиот архетип. Поточно, тој е симбол на цикличните промени во животот и еволуцијата. Резонира со енергиите на животот и смртта и ги претставува како основни процеси за раст и развој.

Го пренесува потсвесното во свесноста и помага да се расчистат некои емоционални трауми од минатото.

Терапевтски својства: Совршен е за добросостојбата на органите од репродуктивниот систем, вклучувајќи го месечниот циклус, бременоста, породувањето, лактацијата и менопаузата. Го балансира целокупниот хормонален систем. Добар е за подмладување на кожата и косата.
М А Л А Х И Т

Обоеност: Зелена, со потемни и посветли зелени слоеви
Основни карактеристики: Промени, Патувања, Исцелување, Мудрост

Овој минерал е мошне моќен, но малку е и токсичен! Незаменлив е во кристалотерапијата, но не би требало да го користат лица кои не се квалификувани за таа работа. Малахитот ги прочистува сите енергетски сплетови во телото.
Ни помага да навлеземе до самата суштина на нашиот живот и да ги спознаеме целите на моменталната инкарнација.

Терапевтски својства: Ги прочистува насобраните емоции, стресови и трауми од минатото кои се вгнездени во нашата душа. Се користи како средство кое ја подобрува работата на параштитната жлезда, слезината, црниот дроб...
Л А П И С Л А Ц У Л И  ( Л А З У Р И Т,  Л А П И С )

Обоеност: Длабока сина боја со златести инклузии
Основни карактеристики: Заштита, Моќ, Опуштеност, Спокој

Се користи за достигнување на подлабока мудрост. Дејството го исполнува врз петтата и шестата чакра, поттикнувајќи ја нашата способност да ја постигнеме и изразиме интуитивната мудрост.

Посебно е добар кога сакаме да се ослободиме од гневот и лутината од минатото. Лаписот е способен да ја блокира енергијата од разни психолошки напади и ја враќа вибрацијата таму од каде што произлегла.  Ни помага да бидеме со јасни мисли, објективни и да се насочиме кон важните патишта во животот.


Терапевтски својства: Лапислацули е посебно ефикасен кога треба да се ослободиме од мигрена, несоница, вртоглавица, проблеми со респираторниот систем, како и тироидната жлезда.
К О Р А Л

Обоеност: Црвена, бела, црна
Основни карактеристики: Плодно, поттикнувачки, енергично

Заедно со бисерот и седефот, спаѓа во групата на најпознатите органогени минерали.

Енергијата на коралот помага при проблеми со анемија, ја прочистува крвта и ја стимулира циркулацијата, ја регулира асимилацијата на храна  и ја  заживува  сексуалната активност.

Терапевтски ефекти: Облоги од еликсир од корал, поставени повеќе пати на ден помагаат при надминување на проблеми на кожата предизвикани од алергии и  егземи.
К И Л И Б А Р

Обоеност: Златесто кафеава, жолта или зеленкасто-маслинеста

Основни карактеристики: Заземјување, исцелување, прочистување, балансирање

Килибарот не е кристал во вистинска смисла на зборот. Тој претставува древна фосилизирана смола која долго време се користела за изработка на амајлии и талисмани. Патувајќи од корењата на стеблата, сe до нивните најоддалечени гранки, килибарот симболично го претставува течението на нашата витална енергија низ меридијаните и крвните садови.

Поседува стимулирачки ефект на телото и на разумот и ја поттикнува активноста на златната светлина. Негова особина е да нe отвори кон повисоките вибрации и да ? дозволи на креативната енергија да се манифестира на материјално ниво.

Терапевтски ефекти: Одличен е кога треба да се третира штитната жлезда, бубрезите, слезината, црниот дроб, жолчниот меур и желудникот.
К А Р Н Е О Л


Обоеност: Портокалово-кафеава
Основни карактеристики: Креативност, виталност, регенерација, сексуалност

Длабоката портокалова боја овој минерал го поврзува со втората енергетска чакра. Поради тоа има изразени карактеристики на балансирање и поттикнување на креативноста, сексуалноста и помага во изразувањето на чувствата.

Има карактеристики на топла енергија, поради што мошне успешно се употребува во состојби кога ни е потребна физичка сила и регенеративна енергија. Неговата силна заземјувачка енергија ни помага да ги прифатиме животните циклуси и ни дава сила и храброст да ги надминеме блокадите и апатијата.


Терапевтски својства: Ослободува од замор, депресија и анксиозност. Неговата интензивна енергија го стимулира метаболизмот и ја зголемува фертилноста и потентноста.
К А Л Ц Е Д О Н


Обоеност: Небесно сина
Основни карактеристики: Спокојност, елоквентност, смиреност

Тоа е камче што ги поврзува мислите со духовната вибрација и донесува подлабок мир. Ги опушта нервите, ослободува од перманентните грижи и го фаворизира дијалогот и комуникацијата воопшто.

Добар е како амајлија против стравови и инциденти.

Терапевтски својства: Калцедонот е моќно средство против инфекции на грлото и тироидната жлезда. Ги отстранува блокадите во нервниот систем, ги олеснува болките при воспаленија на зглобовите и мускулите, а ги одржува витални крвните капилари.
Ј А С П И С


Обоеност: црвена, кафеава, зелена, црна, жолта

Основни карактеристики: заземјувачки, нутритивен


Енергиите од јасписот се суптилни, но се чувствуваат мошне длабоко. Претставува минерал кој ни помага малку да застанеме со пребрзото движење низ животот, да се видиме каде сме и полека и сигурно да продолжиме напред.

Овој минерал се поврзува со првата енергетска чакра и е одличен за пронаоѓање на сопствениот пат низ материјалниот свет.

На ментален план дејствува како стимулатор на волјата и иницијативноста.
Неговата “Јанг” енергија успешно ги ревитализира телото и душата.


Терапевтски својства: Јасписот е добар за циркулаторниот систем и крвта, а исто така одлично ја балансира машката и женската енергија во организмот.
Х Р И З О П Р А З


Обоеност: Различни нијанси на зелената боја
Основни карактеристики: Природност, прифаќање, смирување

Овој минерал нe потсетува дека сe во универзумот е поврзано во една целина.
Поттикнува надеж и искреност. Ги стимулира срцевата и сакралната чакра поттикнувајќи ја верноста и лојалноста во љубовните и професионалните врски.

Овој кристал ни помага да го надминеме егото и да ги просветлиме егоистичките акции од минатото.
Донесува емоционална стабилност и доверба и претставува одличен помошник кога сакаме да се исчистиме од минатите негативни емоции.

Терапевтски ефекти: Мошне добар кристал кога се работи за несоници предизвикани од кошмари и немир. Ја подобрува фертилноста и ја потпомага работата на ендокриниот систем, а успешни резултати се забележани и при третман на гихт.
Х Е М А Т И Т


Обоеност: Сиво-црна со метален сјај
Основни карактеристики: Оригиналност, Заштита, Крв


Неговата основна карактеристика  е дека го подобрува врзувањето на  кислородот во крвта. Помага во борбата против разни типови на анемичност и при венеричните болести.

Овој минерал долги години го користеле воините зашто верувале дека ќе им носи заштита во битките. Таа негова употреба е задржана до денеска и често пати се употребува како сојузник кога треба да победиме предизвик поврзан со нас самите.

Хематитот нe подучува да преземеме одговорност за сопствените постапки, носи енергија во нашата внатрешна природ и ни помага да ги спознаеме тајните кои се содржани во центарот на нашата планета.


Терапевтски својства: Се употребува како незаменливо средство кога се во прашање проблемите со крвта и со циркулацијата. Корисен е како регенератор на клетките и како средство кое помага да се ослободиме од вкочанета и болна мускулатура.
Г Р А Н А Т

Обоеност: Темно црвена, зелена, портокалова ...
Основни карактериетики: Енергизирачки, поттикнувачки, страстно

Ги полни со енергија енергетските центри на телото и ја згуснува аурата. Го балансира сексуалниот нагон и ја отстранува емоционалната дисхармонија. Го помага излезот од кризни ситуации кога се чини дека се без излез. 
Го зајакнува “внатрешниот оган и желбата за самопотврдување.
На психички план ја јакне самодовербата, ја втемелува храброста, надежта и оптимизмот.

Терапевтски својства: Ја јакне крвта, ги регенерира клетките, го збогатува организмот со енергија, помага во абсорпцијата на минералите. Вариететот гросулар влијае врз проблеми кај бубрезите, кожата и слузокожата и при ревматизми и артритис.
Г О Р С К И    К Р И С Т А Л

Обоеност: безбоен
Основни карактеристики:  Појачувач, рефлектор, приемник


Горскиот Кристал е задолжителен за секоја минерална збирка. Тој во себе го содржи целокупниот спектар на бои и одлично го појачува дејството на сите останати кристали во неговата околина. Тој е основен  кристал без кој не може да се замисли изведување на кристалотерапијата. Ја поттикнува спиритуалната пприрода во нас, ја прочистува аурата, ги подобрува менталните и психичките способности и помага во фокусирањето и медитацијата.

Терапевтски својства: Единствен Кристал кој може да се употребува во универзални цели. Претставува стабилен резонатор кој во себе ја содржи вродената енергетска вредност на клетката.
Ф Л У О Р И Т

Обоеност: Пурпурна, зелена, жолта, сина, безбојна
Основни карактеристики: Духовен мир, фокусираност, поврзаност

Овој Кристал е погоден за воспоставување на поврзаност помеѓу телото, емоциите, разумот и духот. Посебно е ефикасен кога се користи како прочистувач во просторот против различните видови на геопатогени зрачења. Се препорачува на ученици или студенти затоа што ја фаворизира концентрацијата и фокусираноста. Исто така, ни помага да се потпреме на сопствецните способности и да ги искористиме капацитетите на нашето тело, разум и срце.

Терапевтски својства: Делува силно са сите неурамнотежени вибрации во телото, без разлика дали се предизвикани од надворешни фактори (вируси) или пак од внатрешни структурни малфункции. Добар е при третирање на кожни болести, како и состојби кои се манифестираат со улцерации и рани.
Ц И Т Р И Н

Обоеност: жолта
Основни карактеристики: Енергизирање, Индивидуализација, просперитет, благосостојба

Енергијата на цитринот ни помага да се фокусираме на прашањето на индивидуалност, да се спознаеме кои сме како индивидуални битија. Вибрациите на овој Кристал се поклопуваат со оние на третата чакра, т.е на сопствените моќи. Исто така, дава до знаење дека надминувањето на егоцентричните сфаќања се од сиклучителна важност на патот кон постигнување високи цели.
Цитринот ја прочистува и ја енергизира аурата.
Многу често се користи како талисман за богатство и благосостојба.
Тоа е мошне моќен минерал исполнет со топлина и сончева вибрација.

Терапевтски својства: Добар е кај проблем со дигестивниот систем, покачено ниво на шеќер во крвта, воспаленија на панкреасот. Одличен е и кај состојби поврзани со дегенеративни заболувања, донесувајќи свежа енергија ја редуцура истоштеноста.
А К В А М А Р И Н

Обоеност: Светло сина, како морска вода
Основни карактеристики: Заштитник на патниците и камен на храброста.

Ги прочистува старите самоуништувачки матрици вкоренети во биополето на луѓето. Ги смирува стравовите и го прочистува петтиот енергетски центар. На духовно поле ја изострува интуицијата и помага да се поврземе со повисоките нивоа на свеста.
Аквамаринот ги штити аурата и чакрите и ја ослободува блокираната енергија.

Терапевтски ефекти: Најкорисен е при болки во грлото и воспаленија во усната шуплина и непцата. За таа цел се изработуваат различни лосиони и тинктури со кои се испираат грлото и устата.
Се среќаваат записи дека овој минерал успешно се користел за превенција од пролетни алергии.
А М Е Т И С Т

Обоеност: Виолетова
Основни карактеристики: Ментална моќ, Божествена љубов, Духовно партнерство

Овој моќен камен вибрира со мошне висока спиритуална енергија.
Ги трансформира ниските вибрации во љубов, поттикнувајќи ја светлината и високите состојби на свесноста. Неговата способност за трансформација го прави мошне корисен кога се работи за развивање на психичките и менталните квалитети кај личноста.
Незаменлив е како помошно средство при медитација и астрални патувања. Помага да се поврзат физичкото, емоционалното и менталното тело со спиритуалното.

Терапевтски ефекти: Делува прочистувачки на емоциите, умот и духот. Делува врз жлездите со внатрешно лачење и го урамнотежува целиот ендокрин механизам. Помага да се ослободиме од напнатости и главоболки. Мошне успешно се употребува во третманот на несоница.
А М А З О Н И Т

Обоеност: Зелена
Основни карактеристики: Комуникација, Чистина, емоционален баланс, упорност

Енергијата на амазонитот е енергија ја воинот. Тој н? потсетува дека вистинската моќ лежи во самоспознавањето. Токму како што и амазонките ја разбирале нивната индивидуална сила и непокорност. Мораме и ние да ја активираме светилката во нас самите и да ги спознаеме споствените таленти. Амазонитот заслужува да биде носен од чисти и чесни луѓе. Ни помага да ги достигнеме најголемите длабочини на нашето битие и да се ослободиме од лошите навики.

Терапевтски ефекти: Одличен е за проблем со грлото, метаболизмот и гласот. Забележани се негови позитивни резултати кај срцевите заболувања и проблем со тиреоидната жлезда, помагајќи ја апсорпцијата на калциумот.
А Х А Т

Боја: Се среќава во повеќе вариетети, бои и нијанси

Основни карактеристики: Стабилизација на имунитетот, баланс, заземјување, прифаќање.

Ахатот делува врз нас фаворизирајќи го самоприфаќањето и саморазбирањето. Суптилно делува врз разумот и придонесува да се активираат сопствените механизми за перцепција на префинетите вибрации околу нас. Исто така прави да бидеме попрагматични и попрактични.

Кристалот го манифестира своето дејство бавно, но континуирано и сигурно. Прави баланс на телото, емоциите и спиритуалните аспекти.

Тераписки ефект: Ахатот е одличен балансер на емоционалните и физички пореметувања. Неговата природа на прочистувач го прави мошне корисен кога треба да се изврши прочистување и ревитализирање на лимфниот и одбранбениот систем. Добар е како еликсир за очите и абдоминалните органи.