Copyright © 2010 by "DEKO"  ·  E-Mail: makedonskirubin@gmail.com
К Р И С Т А Л О Т Е Р А П И Ј А
            Човечкиот организам претставува извор на електромагнетни зрачења. Познато е дека секоја жива клетка емитува вакви бранови. Според тоа, во сите живи организми се создава специфично и едиствено електромагнетно поле преку кое сите суштества на земјата се наоѓаат во вибрациска интеракција.

Во човечкото тело постои таканаречена вибрациска мрежа низ која циркулираат електромагнетни бранови создавајќи сопствено кохерентно поле кај секој поединец.

Електромагнетното поле на болна личност се разликува од она кај здрава. Кристалотерапијата ги користи електромагнетните емитувања на кристалите за да спречи некоја болест или да се бори против нејзе. Оваа енергија е суптилна и потполно е безопасна за огранизмот, но е сосема доволна да ги придвижи одбранбените механизми на организмот и да ги воспостави повторно нарушените кохерентни електромагнетни полиња. Со тоа и сите биохемиски процеси се враќаат во нормала.

За кристалотерапијата причината за болеста лежи во пореметување на фрекфенцијата на кохерентното електромагнетно поле кое е карактеристично за секој организам. Стабилната фрекфенција е гаранција за непречено одвивање на физиолошките процеси во организмот, а пореметената фрекфенција на електромагнетните вибрации е почеток на болест. Целта на кристалотерапијата е враќање на фрекфенциите на нормала или на вредности блиски до физиолошките.


Со повторно враќање на пореметеното кохерентно поле во нормала, се воспоставуваат саморегулациските процеси т.е. се ослободуваат сопствените биолошки активни супстанци кои го пројавуваат своето дејство на клеточното и молекуларно ниво.
           

Според биофизичкото разбирање на болеста, првото скалило во нејзиното настанување е пореметување на фрекфенциите во стабилното електромагнетно поле на организмот (човек, животно, растение).

Во втората половина на 20 век, откриено е дека човечкиот организам поседува сопствена карактеристична фрекфенција на електромагнетното поле во микробранов дијапазон 30-300 гигахерци, како и дека организмот е во состојба да регистрира промена на фрекфенцијата за само стоти дел од процентот!

Значи, додека постои стабилна фрекфенција во организмот, ќе постојат и стабилни биохемиски процеси, т.е нема да постои појава на болест. Со пореметување на фрекфенцијата доаѓа до постепена промена во биохемиските процеси во клетките што предизвикува основа за појава на болест. На овој начин појасно се согледува начинот на појава на болеста, кој е најпрво биофизички, а потоа биохемиски.

СЕКОЕ КАМЧЕ ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ ПОВЕЌЕ ОД ДРУГИТЕ Е ТОКМУ ТОА КОЕ ВИ Е НАЈПОТРЕБНО ВО ОВАА ФАЗА ОД ВАШИОТ РАЗВОЈ.
СО ТОА ЗАПОЧНУВА КРИСТАЛОТЕРАПИЈАТА