Речиси од самиот почеток на работата на Дуќанчето за кристали во Скопје (2002 год), ни беше неколкукратно предложено да го воведеме и Македонскиот Рубин.
Мојата прва реакција беше проследена со сомнеж дека се работи за вистински природен рубин. Си велев: “најверојатно е некоја импровизација во номинацијата на името на каменот, како Што често се случува на пазарот. Рубинот е посебно важен скапоцен камен, па ако го имаме, сигурно тоа веќе би било на Широко познато. Барем како и Охридскиот Бисер”.
Пронајдовме неколку грутки кои започнав да ги презентирам каде и да патував, барајќи мислење од експертите за таа област. На крајот ме поттикна нивниот одговор: “момче, од каде и да потекнува тој камен, знај дека не е со највисок квалитет, но тоа е РУБИН!”
Вчудоневиден си реков: “Мораме да се обидеме финално да го обработуваме дома, во Македонија!!!”
Така, по неколку години консултации и инвестиции, на пролетниот базар на ракотворби во Старата скопска Чаршија, се појави прстенот со Македонски Рубин, окован во сребро, веќе продаден на една фина дама. И... ја освои наградата за најдобар производ. Сител, веста ја објави во ТВ Дневникот, а Време на насловната Страница.
Наредната година и пол се обидувавме да ја усовршиме техниката за обработка, мачејќи мака со постигнувањето на роковите за нарачаните примероци.
Во истиот период и скромно започна неговата јавна промоција при секој настап во медиумите. Во тоа не беа вложени дополнителни финансиски средства.
Денес, дел од заинтересираната публика за квалитетниот накит веќе знае за Македонскиот Рубин и можноста да се изработи уникатен примерок накит.
Изработката на овој веб сајт е исто така дел од проектот
МАКЕДОНСКИОТ РУБИН и негово издигнување до ниво на препознатлив македонски скапоцен камен со сертифицирано географско потекло!