Во 2002 год во Скопје е основано претпријатието КЛЕРЖО дооел. Примарна цел: во својот мал изложбено – продажен салон лоциран до грчката амбасада и со јавните презентации на саеми и преку медиумите, да изврши едукација во областа на препознавањето и користењето на најпознатите видови природни минерали, фосили и скапоцени камења. Забележан е значителен успех и позитивен одговор од посетителите и публиката.
Деко е основачот на Дуќанчето за кристали во Скопје.
Роден 1964. Како мал си игра со другарите (Владе, Бобо, Влатко и сестра му Диана) пред зграда (жмурки, фудбал на мали голчиња, џамлии…).
Рано започнува да свири на клавир и хармоника, па целото детство и младост биваат поминати во вежбање, проби, приредби и концерти. Најпрво народна музика и партизански сплетови, а од седмо одделение ги открива Deep Purple, му купуваат органа па навлегува длабоко во rock and roll филозофијата на живеење и творење.
– 78 / 82 “Коцка лед“ (со Станко, Марче, Тозо, Чавче, Ранко и Бенџо).
– 83 / 86 “Badmingtons“ (со Владимир Петровски – Картер и Борис Георгиев – Бут).
– 86 / 88 “Александар Македонски“ (со картер, Бајо, Чавче, Мелита и Верица Јанковиќ).
– 88 / 91 “Клержо“ (со Сашо Гигов – Гиш, Венцислав Смаќоски, Тони Десовски – Запек, Гони, Боби).
– 89 Соработува на Проектот Македонски патриотски и Љубовни песни на Јанко Узунов.
Во меѓувреме, тренира карате кај учителот Славе Пашовски, а како и сите заљубеници во Водно, редовно се прочистува качувајќи се на “Планинарски“.
Низ Скопје претежно се транспортира со точак.
– 1990 Дипломира на земјоделскиот Факултет, а во 1991 заради лошите можности да се вработи во својата струка и заради почетокот на воените дејствија на тогашна Југославија, заминува во Италија кај тетка му Тања.
– 1992 до 2001 се запознава со кафе магнатот Primo Rovis. Добива можност за неколку дневна работа, ангажман кој се продолжува на уште неколку наредни недели.
Во Јуни, истата година се запознава за прв пат со волшебниот свет на природните минерали и кристали, кога добива речиси перманентен ангажман околу уредувањето на колекцијата на г. Ровис.
Кариерата ја развива во областа на презентација и продажба на примероци на колекцијата Arte di Dio, период во кој се запознава со личности кои ќе остават длабока трага во неговото созревање (Margarita Hack, професор Antonio Brambatti, професор Arturo Falaki, Bruno Maskarteli, принцезата Beatrice од Савоја, професор Dimitri Rundkvist, палеонтолозите Stefano Picini и Flavio Bakia) и многу други помалку или повеќе искусни проучувачи на природата, кристалите, општеството, духовноста и животот.
Во текот на Октомври и Ноември од јубилејната 2000 година колекцијата Arte di Dio е ексклузивно поставена во Базиликата San Lorenco Ticineze во Милано, каде Деко се запознава со Ottavio Misoni и Mila Son.
– Во 2001 во екот на избувнувањето на воениот конфликт, се враќа во Македонија со идејата за поставување продажна изложба за едукација и популаризација на волшебниот свет на природните минерали и кристали.
Оваа идеја кулминира со откривањето на Македонскиот Рубин, неговото брендирање и претворање во Ексклузивен Карактеристичен Македонски Производ.
– Од 1999 до 2006 Деко се ангажира во промоцијата на македонската музика и култура во Европа, во својство на организатор на настапите на Оркестарот “Агушеви“, под водство на Кралот на Трубата, Кочо Агушев. А, во 2007 учествува во реоформувањето на легендарното трио Bagmingtons.
Денес Деко вежба јога, се качува на Водно, оди во црква, но ги чува и старите музички инструменти од младоста и детството