ДЕКО
е малата продавничка за ПРИРОДНИ КРИСТАЛИ, МИНЕРАЛИ и СКАПОЦЕНИ КАМЕЊА сместена на РЕКОРД во центарот на Скопје.

Децении исполнети со настапи во медиумите и на саемските манифестации преку презентации  на волшебниот скриен свет на минералите и негово приближување на јавноста во Македонија.
Базичната замисла  неочекувано добива нова димензија со откривањето на 
МАКЕДОНСКИОТ РУБИН и оформувaњето на новиот препознатлив елитен македонски производ.
Финално обработен во лабораторијата на ДЕКО,  МАКЕДОНСКИОТ РУБИН  станува деловен подарок или ексклузивно парче накит изработено според замислата на клиентот, рачно  вграден во злато, сребро, златен или сребрен  филигран.   Повеќе>>

  • Дуќанчето „ДЕКО“                контакт: 070 344 146

Десет квадратни метри исполнети со бројни видови и вариетети на минерали, кристали и фосили од најпознатите светски наоѓалишта. И сето ова би била обична продавничка, како и многу други во светот. Но, низ годините на неговото постоење, енергијата на кристалите вкрстена со ентузијазмот на вработените и посетителите е вградена не само во камчињата, туку и во мебелот, витрините и ѕидовите. 

 

Има и паркинг за коли и точаци. Ако си заборавите наочари, чадор, кредитна картичка, новчаник или друг дел од облека, ги чуваме долго…. А, можете и да си го ставите на скришно место камчето што Ви се бендисало, ако немате пари да си го купите веднаш.

Производи...

Страната е во изградба